Политика на приватност


Privacy

Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваатОваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за Ви ги обезбедување нашите административни услуги и/или да ги оствариме активностите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и инспекциски надзор.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Дирекцијата за заштита на личните податоци, со седиште на бул. Гоце Делчев 18, Скопје, Република Македонија. 

Активностите на обработка поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на zaprodazba.mk, се извршуваат од страна на техничкиот персонал на Дирекцијата за заштита на лични податоци одговорен за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Активностите за обработка поврзани со нашите административни услуги се извршуваат од страна на нашите административни службеници, врз основа на нивните службени должности и принципот ,,треба да знае” (“need to know”).  

Дирекцијата за заштита на лични податоци како национален надзорен орган на Р. Македонија е посветена на приватноста на поединците. Сите лични податоци собрани од неа се обработени во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци можеме да собираме?

 Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • посетители на нашите интернет страни – Вообичаено собираме навигациски податоци. Доколку преку нашите интернет услуги мораме да собереме и податоци кои го откриваат идентитетот на лицето (на пример при поднесување на барања), тоа јасно ќе го појасниме, а ќе појасниме и кои се нашите намери со нив;
  • баратели и други поединци во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на инспекциски надзор – Кога ќе добиеме барање и/или иницијатива за спроведување на инспекциски надзор, составуваме предмет кој ги содржи деталите за барањето. Ова вообичаено содржи информации за идентитетот на подносителот на барањето и сите други поединци вклучени во барањето (подолу видете ги категориите на лични податоци кои се обработуваат од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци). Овие лични податоци се потребни за обработка на барањето/иницијативата и за остварување на нашите овластувања наведени во Законот за заштита на личните податоци (овластување за истражување, корективни овластувања, овластувања за изрекување на санкции, овластувања за авторизација и советодавни овластувања). Личните податоци содржани во барањата се чуваат согласно политиката на задржување и чување. Ова значи дека податоците поврзани со некое барање/ иницијатива ќе бидат чувани за период определен во Листата на документарен материјал со рокови на чување на Дирекцијата за заштита на личните податоци за тековната година. Се чуваат во безбедна околина, пристапот до нив е ограничен врз основа на принципот ,,треба да знае” (“need to know”). Секој пристап до предметот се означува со логови. Предметите за барањата кои се сметаат за неосновани, ќе бидат чувани за период определен во Листата на документарен материјал со рокови на чување на Дирекцијата за заштита на личните податоци за тековната година. Ова не е спротивно на можностите за подолго чување поради чекање на судски одлуки поврзани со барањето.
  • лица кои ги користат услугите на zaprodazba.mk, на пример, оние кои се претплатиле на нашите услуги или учествувале во нашите анкети – Лицата кои се претплатиле за да ги користат нашите услуги, можат да ја откажат својата претплата во било кое време, на едноставен начин.
  • лицата кои врз основа на Законот за заштита на лични податоци поднесуваат известувања до Дирекцијата за заштита на лични податоци – Законот наметнува обврска за контролорите на збирки на лични податоци, да ја известуваат zaprodazba.mk за збирките на лични податоци пред да започнат со нивна обработка, кога поради употребата на нови технологии за некои обработки, имајќи ги во предвид природата, обемот, контекстот и целите на обработката, се зголемува ризикот за нарушување на правата и слободите на физичките лица. Дополнително, контролорите на збирки на лични податоци се обврзани да ја известуваат zaprodazba.mk, во случај на повреда на личните податоци. Во овие случаи Дирекцијата ги собира и ги чува податоците како што е експлицитно наведено во Законот за заштита на личните податоци, а ова може да вклучува и лични податоци на контролорот (во случај на физичко лице, на пример трговец поединец) и на соодветниот офицер за заштита на личните податоци. Во секој случај, овие податоци имаат ограничен обем (како на пример име и контакт податоци) и се тесно поврзани со професионалните активности на контролорот на збирките на личните податоци и не се поврзани со неговата/нејзината приватност. Кога бараме информации кои се дел од постапката за информирање, појаснуваме каде потребата од тие информации е наведена во законот и кога е доброволна;
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – Како би можеле да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Обемот на личните податоци содржани во барањето за пристап е во согласност со образецот на барањето утврден од страна на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

  • Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на zaprodazba.mk;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна-

  • Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за истрага, корективни санкции, авторизација и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на инспекциски надзор, претплата на нашите комуникации, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци и/ или повреда на лични податоци или барање на било која друга административна услуга од zaprodazba.mk

Може да собереме некој од следниве видови на лични податоци: име и презиме, поштенска адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад или во други случаи предвидени со закон. Во секој случај, кога станува збор за барање за утврдување на повреда на лични податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци може да одлучи (во зависност од случај до случај), дали во текот на инспекцискиот надзор, ќе го открие идентитетот на подносителот на барањето на страната против која истото е поднесено.

Вашите лични податоци ги собираме директно од Вас. Во времето на собирање, ќе бидете информирани за специфичните цели за кои Вашите лични податоци се собираат. Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање; 
  • преку нашиот email: info@zaprodazba.mk 
  • преку пошта, 
  • по факс, 
  • усмено.

За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во zaprodazba.mk, кое го составило записникот. Записникот треба да биде заведен во архивата на zaprodazba.mk.

  • Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со применливите интерни процедури на zaprodazba.mk, за периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно за да ги обезбедиме соодветните административни услуги побарани од корисниците.

Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?

Доколку не ги добиеме сите податоци кои ни се потребни за Вас, можеби нема да бидеме во можност да Ви ги обезбедиме бараните административни услуги и/или информации.

Кои се Вашите права?

Вашите права на увид во збирките на лични податоци, дополнување, измена и бришење на личните податоци, спречување на користење на личните податоци, можете да ги остварите со поднесување на барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци, на следнава адреса: Бул. Гоце Делчев18 (14 кат), 1000, Скопје.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: info@zaprodazba.mk


Согласност за собирање на лични податоци

Со запознавањето со оваа политика и последователното упатување на нашите интернет услуги, корисниците даваат согласност за начинот на обезбедување на услугите на zaprodazba.mk, преку формите за комуникација достапни на нашата веб страна. 

     
Испратете бесплатни класифицирани ...

Испратете бесплатни класифицирани ...

Дали имате нешто да продавате, да изнајмувате, каква било услуга за понуда или понуда за работа? Објавете ја на Zaprodazba.mk, тоа е бесплатно, за локален бизнис и многу лесна за употреба!

Креирајте и управувајте со предметите

Креирајте и управувајте со предметите

Станете бестселер или купувач. Креирајте и управувајте со вашите огласи. Поставете ги вашите стари огласи, итн.

Направете своја листа на омилени огласи. Oглаcи Macedonija

Направете своја листа на омилени огласи.

Направете своја листа на омилени огласи. И зачувајте го вашето пребарување. Немој да заборавиш било каков договор.